1. Jeff Bezoz

Нето Вредност: 117.5 милијарди долари.

Џеф Безос е основач на Amazon, една од најголемите
и најпопуларните компании на Интернетот. Амазон започна
како едноставна онлајн книжарница во спалната соба на Џеф.


2. Bernard Arnault

Нето вредност: 112 милијарди долари.

Бернар Арно е извршен директор на LVMH (Луис Витон Мот Хенеси).

Kомпанијата е формирана од спојување на двaта бизниси
заедно. Луи Витон која е многу успешна луксузна модна марка и Моeт
Хенеси кои се споени производители на шампањ и коњак.


3. Bill Gates

Нето вредност: 108.8 милијарди долари.

Бил Гејтс е основач на „Мајкрософт“ и тој бил најбогатиот
човек на светот неколку години по ред. Гејтс го основал
Мајкрософт во 1975 година заедно со Пол Ален и оттогаш
станала
најголемата компанија за компјутерски софтвер во светот.


4. Warren Buffett

Нето вредност: 89.9 милијарди долари.

Ворен Бафет е американски претприемач, инвеститор и извршен
директор на Беркшир Хатавеј. Бафет е најуспешниот инвеститор во
светот, а милиони други трговци го бараат заради неговиот успех.


5. Amancio Ortega

Нето вредност: 77.9 милијарди долари.

Амансио Ортега е шпански претприемач и основач на модната
група Индитекс. Индитекс е сопственик на Зара, а Зара е
еден од најпопуларните ланци за облека во светот.


6. Mark Zuckerberg

Нето вредност: 77.7 милијарди долари.

Сите го знаеме Марк Цукерберг како основач на Фејсбук. Фејсбук
е најпопуларната и највредната компанија за социјални медиуми во
светот. И сето тоа започнало во дневната соба на Марк
додека студирал на универзитетот Харвард.


7. Larry Ellison

Нето вредност: 66.6 милијарди долари.

Лери Елисон е ко-основач на корпорацијата Оракл и исто
така бил извршен директор на компанијата до септември 2014 година.

Со текот на годините, Оракл станала неверојатно успешна технолошка
компанија која постои 39 години и има вработено над 136.000 луѓе.


8. Carlos Slim Helu

Нето вредност: 64.4 милијарди долари.

Карлос Слим Хелу е мексикански бизнисмен и инвеститор.
Тој сопственик на конгломератот „Групо Карсо“. Портфолиото на
конгломератот се состои од брендови во многу различни индустрии,
како што се здравствена заштита, медиуми, енергија, недвижнини и малопродажба.


9. Larry Page

Нето вредност: 61.9 милијарди долари.

Лери Пејџ е ко-основач на Гугл, кој бил основан во неговата гаража во 1998 година.

Гугл, без сомнение, стана најуспешниот пребарувач во светот,
а компанијата продолжува да прави разни аквизиции како што е YouTube.
Успехот на Google го направи Лери Пејџ еден од најбогатите луѓе во светот.


10. Sergey Brin

Нето вредност: 59.6 милијарди долари.

Сергеј Брин и Лери Пејџ го основаа Гугл уште во 1998 година,
во една мала едноставна гаража. Дуото го однесе Гугл на врвот,
ставајќи го Сергеј Брин неколку места зад Пејџ
на оваа листа на најбогатите луѓе во светот.

 

 

Please follow and like us:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *